Гешев: Бугарското обвинителство води војна единствено со криминалот

Ни претстои проверка на потеклото на античките предмети, вклучени во колекцијата на обвинетиот Васил Божков, изјави главниот бугарски обвинитгел Иван Гешев во Брисел, каде е во работна посета и оддржува средби во Европскиот парламент.
Во белгиската престолнина Гешев потврди дека се истражува и организирана криминална група, која е поврзана со убиства, силувања и изнуди, соопшти Обивнителството.
Тој посочи дека не го видел последниот говор до нацијата на бугарскиот претседател Румен Радев.
-Главниот обнвинител нема лични непријатели, обвинителството нема лични непријатели, единствената војна што обвинителството ја води е војната со криминалот, со луѓето кои го прекршуваат законот, со секој кој не го почитува законот, независно на каква висока државна должност се наоѓа, независно дали е социјално слаб или е криминален авторитет од транзицијата и милијардер, посочи Гешев и подвлече дека обвинителството не се занимава со политички прашања.
„Бугарското обвинителство добро работи со правосудните и истражните органи на нашите евроатлантски партнери, вклучувајќи ги и САД“. На овој начин Гешев одговори на прашањето како ги коментира зборовите на американскиот амбасадор во Бугарија Н.П. Херо Мустафа дека сега претстои САД да му забрани влез во земјата на бугарски државјанин фатен во корупција.
По повод актуелните постапки преземени од обвинителството во борбата со корупцијата и „суштинскиот криминал“, Гешев забележа дека „тоа е само почеток, очекувајте продолжение!“.
Тој ја подвлече неопходноста од взаемно дејстување меѓу институциите и дополни: „ Обвинителството си ја заврши работата, сега „топката“ е во бугарските судови. Обвинителството ќе ја брани обвинителската теза дека направило се што не е направено во последните 30-тина години, и дека планира така да продолжи“.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
