Гервала-Шварц за „Дојчландфунк“: Ќе има војна ако меѓународната заедница продолжи да ја толерира Србија

Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Гервала, предупреди на можноста од избувнување нова војна, во случај, како што рече, меѓународната заедница да продолжи со истиот однос кон Србија како и досега.
Гервала за германскиот јавен медиум „Дојчландфунк“ (Deutschlandfunk) изјави дека Србија сака да го натера Косово да преговара за територијални прашања во дијалогот.
– Ако меѓународната заедница ги толерира постапките на Србија, ќе има војна. Србија сака да создаде факти за да го принуди Косово да преговара за територијални прашања во Брисел, рече Гервала, порачувајќи дека ЕУ треба да го замрзне статусот на Србија како земја кандидат.
Шефицата на косовската дипломатија изјави дека распоредувањето на српските војници на границата со Косово е слично на однесувањето на Русија кон Украина пред инвазијата, а и реториката и постапките на Србија се многу слични со оние на Русија.
– Никогаш немало ваква концентрација на војници во последните години. Оружјето што го имаат таму, тенковите – ни дава лошо чувство, бидејќи не знаеме како ќе одговори меѓународната заедница. Ова е причината зошто е уште поважно да се преземат неопходните чекори, изјави Гервала за „Дојчландфунк“, кој е еден од медиумите на германското државно радио.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

75 годишна жена почина - Возачот побегнал откако ја прегазил во центарот во Скопје
-

Филипче не се откажува од техничка Влада, Мицкоски пак, не се откажува од лидерска средба
-

Обвинителката Ленче Ристоска бара извинување од премиерот Мицкоски, од Влада велат дека се зачудени
-

Во недела ќе се бира градоначалник во четири општини
-

На располагање сите човечки и материјални ресурси
-

Зголемен број на пациенти со грип на инфективна после нова година - Едно лице е во критична состојба
-

Лажен лекар успеал со измама да „заработи“ близу 20 000 евра
