Геровасили: Нема нови избори во Грција

Портпаролката на грчката Влада, Олга Геровасили, денеска ги демантира се почестите шпекулации дека во скоро време во земјата се можни нови предвремени парламентарни избори.
- Не е актуелно прашањето за евентуална нова коалиција или за нови избори, кажа Олга Геровасили во интервју за грчкиот весник „Епендиси“.
Таа појасни дека сегашната влада пред извесно време го добила мандатот од избирачите и дека успешно го исполнува договорот со меѓународните кредитори на земјата за спроведување на неопходните реформи.
Кревкото мнозинство од само три гласа во грчкиот Парламент и притисокот на кредиторите за поголемо намалување на пензиите ги засилија шпекулациите во земјата дека Владата нема да се задржи на власт и дека премиерот Алексис Ципрас може повторно да ги повика граѓаните пред гласачките кутии.
Ново на Сител
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
-

Преглед на вестите од светот
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
