-->
-->
Германското МНР со реакција за ситуацијата во Македонија
-->

Прес-службата на Министерството за надворешни работи на Германија попладнево излезе со реакција во врска со ситуацијата во Република Македонија.
- Добро е што претседателот Иванов попушти и повеќе не го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука долго се очекуваше и конечно го рефлектира исходот од изборите 2016 година во Република Македонија, се вели во изјавата дистрибуирана од германското МНР.
Германското МНР ги повикува сите актери во Скопје сега да работат заедно и конструктивно во преговорите за создавање на престојната владина коалиција.
- Македонците не заслужиле на нивниот грб да се играат политички игри. Тоа што на земјата и е потребно и што граѓаните оправдано го очекуваат е брзо формирање на нова влада која што брзо ќе се вклучи во опсежната имплементација на „Договорот од Пржино“ и на другите итни реформски приоритети. Длабоките реформи се неопходни за да се овозможи продолжување на македонскиот пат кон евроинтеграциите. Германија ќе продолжи да ја поддржува земјата на овој пат, се вели во пораката од германското МНР во врска со состојбите во Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Секој ученик ќе добие учебник навреме, патуваат книги и за дијаспората
-

Поради недостиг на кадар времено затворен одделот за имунологија на Детска клиника
-

Одбележан Денот на јавната администрација, признанија за АХВ, трансфорамција и акредитација
-

Претседателката постхумано ја одликува проф. д-р Наде Проева со орден „8 Септември“
-

Преглед на вестите од светот
-

Граѓаните мора да добијат најдобра услуга и најквалитетни производи по оптимални најниски цени
-

Мицкоски: Проблемот од минатото се решава, учебниците се доставуваат навреме за новата учебна година
-

Отчет за активностите и проектите реализирани во изминативе две години
