Свет
1. September 2015 - 18:05

Германско-австриската граница ја преминаа 2.200 бегалци

Германската полиција во јужниот пограничен ден со Австрија во изминатите 24 часа регистрира премин на 2.200 мигранти, што е рекорден број.

Германските медиуми наведуваат дека до крајот на годината бројот на мигранти ќе достигне до 800.000 бегалци, што е двојно поголем број од времето на распадот на СФРЈ.

На железничката станица во Штутгарт синоќа пристигнале 101 бегалец, а вчера попладне во Германија од Унгарија пристигна воз со 400 бегалци.

Пограничната полиција соопшти дела 190 мигранти во Росенхајм се сместени во некогашните воени бараки, за да бидат регистрирани, а други 200 бегалци го продолжиле патот за Минхен, каде ќе бидат регистрирани на главната железничка станица.