Германските власти предупредуваат: Вториот бран од коронавирусот е тука
Со секојдневното зголемување на бројот на заразени лица со коронавирус, во германската јавност сè повеќе се слушаат предупредувања дека вториот бран на епидемијатаја погоди таа земја, а загриженост изрази и државниот институт за заразни болести.
– Вториот бран на коронавирус е веќе тука. Тоа се случува секој ден. Сега секој ден имаме жаришта на инфекција што може да се претворат во многу големи бројки, изјави претседателот на саксонската Влада Михаил Кречмер за Раиниш Пост.
Неговите зборови се совпаднаа со објвата на државниот институт „Роберт Кох“ (РКИ) дека има значително зголемување на нови инфекции од околу 500 на околу 800 во изминатата недела.
– Овој развој е загрижувачки и РКИ ќе продолжи да го следи внимателно. Мора да се избегне понатамошно влошување, рече портпаролката на Институтот во изјава за ДПА.
Во Германија досега најмалку 205.269 луѓе биле инфицирани од почетокот на епидемијата, од кои 9.118 починале. Се проценува дека оздравеле 189.800 лица.
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима