Германските разузнавачи негираат дека Абдеселам планирал напад врз нуклеарен центар
Германската разузнавачка служба, Федерална канцеларија за заштита на уставноста (БФВ) денеска ги отфрли информациите дека нејзиниот шеф Ханс Георг Масен информирал членови на Парламентот за документи пронајдени кај напаѓачите од Париз, кои биле поврзани со нуклеарниот истражувачки центар Јулих.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, предходно медиумската група РНД повикувајќи се на извори во парламентарната Комисија за надзор на службите за безбедност, јави дека Маасен во март ги информирал членовите за овие сознанија.
- Тоа не е точно, немаме информација за тоа. Нашиот претседател Маасен никогаш не разговарал со ниту еден член на Парламентот, изјави денеска портпарол на БФВ.
Според РНД, копии од написи од интернет и фотографии од директорот на нуклеарниот центар во Јулих, Волфганг Маркарт биле пронајдени во станот на Салах Абдеселам во бриселското предградие Моленбек.
Јуелих е истражувачки нуклеарен центар и депонија за атомски отпад, кој се наоѓа на границата со Белгија. Негови претставници во изјава за јавноста велат дека нема индиции за било каква опасност.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и еден од лидерите во ВРЕДИ
-
Што содржи предлог-законот за ратификација на договорот со Обединетото Кралство?
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче