Живот
19. December 2015 - 18:14

Германските наставници бараат „Мојата борба“ од Хитлер да се изучува во училиштата

 Асоцијацијата на германски наставници смета дека новото издание на книгата на Адолф Хитлер, „Мојата борба“, треба да биде изучувана во средните училиште, сметајќи дека со тоа учениците ќе станат отпорни на политички екстремизам.

Книгата на Хитлер, за која правата ги имаше покраината Баварија, ќе биде издадена, првпат по Втората светска војна, следниот месец, но не во оригиналното издание туку со низа дополнувања. Оригиналната книга има 600, а новото издание, во кое ќе бидат ставени објаснувања за штетните пораки на Хитлер, ќе има 1.200 страници. Новата верзија ќе ја издава Институтот за модерна историја во Михнен и се нарекува „Критичко издание“, а ќе содржи околу 3.500 објаснувања.

Објавување на старото издание на книгата без соодветни објаснувања се уште се смета за кривично дело.

Според асоцијацијата на наставници, одредени делови од книгата треба да бидат изучувани од 16-годишни и постари ученици, пренесува весникот„ Ханделсблат“.