Германскиот заменик амбасадор ја посети фабриката „Дрекслмаер“

Германската амбасада во Македонија и фабриката „Дрекслмајер“ во Кавадарци ќе спроведуваат заеднички хуманитарни проекти и ќе работат на развивање и поддршка на моделот на дуалното образование во средните училишта, кој компанијата веќе го спроведува.
Заедничките активности се договорени при посетата на „Дрекслмаер“ на заменик амбасадорот и раководител на економскиот оддел во Германската амбасада во државава Марко Акватичи.
Како што соопшти денеска „Дрекслмаер“, Акватичи се информирал за предизвиците со кои се соочува компанијата и се запознал со начинот на функционирање, производствените процеси, работните услови и воспоставените стандарди по кои работи.
- „Дрекслмајер“ е германска компанија која во Македонија вработува повеќе од пет илјади луѓе. Како еден од позначајните работодавачи во земјава, компанијата придонесува за развојот на економијата и намалување на невработеноста во овој регион. Драго ми е што во фабриката се работи според високи германски стандарди во сите области од производство, квалитет, работна средина, како и безбедност и заштита при работата, навел, како што соопштува компанијата, Акватичи при посетата.
Ново на Сител
-

Тошковски: Паралелно со „Сејф Сити“, ќе има и полициски возила со мобилни камери на „црните точки“ на патиштата
-

АХВ: Спроведени 125 илјади контроли, изречени казни од над половина милион евра
-

Ориз на годинашната реколта стои по амбарите
-

Охрид презема мерки за заштита од загадениот воздух
-

Во месецов што изминува преполни сместувачки капацитети во Крушево
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
