Германскиот министер за европски прашања Рот во посета на Македонија

Државниот министер за Европа на германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.
Рот во Охрид ќе има средба со неговиот домаќин Никола Димитров, по што двајцата ќе учествуваат на интерактивната дебата на тема „Македонија на патот кон ЕУ“. Фокусот на дебатата ќе биде на придобивките од ЕУ членството во унапредувањето на заштитата на животната средина, промоцијата на политики на одржлив развој и поттикнување на граѓанскиот еко-активизам, соопшти Министерството за надворешни работи.
Дебатата е организирана од Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Сојузна Република Германија, во соработка со општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија. На настанот се планирани обраќања и на градоначалникот Јован Стојановски и заменик министерот за животна средина Јани Макрадули.
За време на престојот во Охрид, министерот Рот ќе ги разгледа поважните знаменитости на градот, а ќе го посети и Националниот парк Галичица.
Ново на Сител
-

Трет ден амандманска расправа за ребалансот на Буџетот
-

Три лица убиени во руски напади врз регионот Доњецк, една жртва и во Херсонската област
-

Трамп се закани дека нападите врз Иран „ќе станат многу полоши“ доколку повторно бидат нападнати бродови
-

Дигиталното евро не значи укинување на готовината, туку создавање уште една можност за плаќање
-

Променливо облачно време со сончеви периоди
-

Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската ПВО
-

Европскиот парламент го критикува Зеленски поради спорот со Полска
-

Руте: Самитот на НАТО во Анкара беше „исклучително успешен“
