Германскиот Кјурвак очекува европско одобрување на вакцината во јуни
Германскиот Кјурвак очекува европско одобрување на неговата вакцина против Ковид-19 најдоцна во јуни и работи на проширување на производствените капацитети, јави весникот „Аугсбургер Алгемајне“ цитирајќи ја портпаролката на компанијата.
Од почетокот на 2000 година, биотехнолошката компанија се фокусираше на таканаречениот гласник РНК (mRNA), технологија за лекови и вакцини.
Пристапот mRNA е потврден со широка употреба на вакцината против коронавирусот, развиена од пионерите Бионтек и нејзиниот партнер Фајзер, како и Модерна, во Европа и Северна Америка.
„Се надеваме на одобрување во текот на вториот квартал, ја цитира весникот изјавата на портпаролката.
– Работиме на понатамошно проширување на производствениот капацитет со растечката мрежа на партнери, додаде таа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
