-->
-->
Германскиот канцелар Шолц заразен со Ковид-19
-->
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е позитивен на тестот за коронавирусот, а неговата Влада соопшти дека поради тоа е откажана посетата на словачкиот премиер Роберт Фицо.
Шолц на социјалната платформа „Икс“ напиша дека има благи симптоми на инфекција со вирусот.
Неговиот портпарол изјави дека канцеларот ќе работи во неговата канцеларија и ќе комуницира телефонски или онлајн. Словачкиот премиер утре во Берлин требаше да се сретне со Шолц.
Засега нема информации дали Шолц ќе може да ја води владината седница во среда. Шолц, кој има 65 години, оваа година прими бустер доза од вакцината против коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора