-->
-->
Германски ресторан на погреб послужил торта со марихуана
-->
Погреб на истокот од Германија ненамерно заврши со поинакво расположение кога на присутните по грешка им била послужена торта со марихуана.
По погребот, луѓето се собрале во ресторанот да пијат кафе и јадат торта, што е обичај во Германија. Но, како што соопшти полицијата во Росток, откако ја изеле тортата, 13 лица почувствувале мачнини и вртоглавица, па побарале лекарска помош.
Истрагата откри дека вработена во ресторанот ѝ рекла на својата 18- годишна ќерка да ја исече тортата за ужалените, но таа зела погрешна
торта од фрижидерот…
Тортата со марихуана била за друга прилика.
Полицијата соопшти дека 18-годишното девојче е под истрага.
Настанот се случил во август, но семејството одлучило тоа сега да биде објавено.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Раде Штекли вработува лично обезбедување, плата 3.000 евра | ФОТО
-
Крадец баран со потерница бил предаден во Затвор Тетово
-
Турчин уапсен за криумчарење на осум мигранти од Сирија
-
Ги затекнале како користат хероин, уапсени 4 лица во Кочани
-
Тошковски: Договорено взаемно признавање на возачките дозволи со Обединетите Арапски Емирати
-
Парламентарци од Чешката Република во посета на Собранието на Северна Македонија
-
Генералниот секретар на НАТО во посета на Грција
-
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси донација од ЕУ