Свет
8. September 2017 - 8:59

Германски пратеници во посета на база на НАТО во Турција

ермански пратеници ќе ја посетат денеска воената база на НАТО во турскиот округ Конја во момент на тензични односи меѓу Анкара и Берлин и по изјавата на германскиот канцелар Ангела Меркел за прекин на пристапните преговори на ЕУ со Турција.

Се очекува делегацијата да пристигне попладне во базата, а подоцна да замине од Турција. Таа ќе биде предводена од заменик генералниот секретар на НАТО.

Посетата на германските пратеници во Конја првично беше отфрлена, но по преговори беше најдена формула за посета под закрила на НАТО.

Турските власти не дозволија германски пратеници да ја посетат ВВБ Инџирлик во Адана што предизвика повлекување на германските војници од таа база.