Германски овчар растргнал крадец кој се обидел да ограби куќа, сопствениците затекнале сцена од хорор филм
Германскиот овчар Оден ја одбранил куќата од крадец, а неговиот сопственик Тристан Марин од Вирџинија, ги објавил вознемирувачките снимки кои се направени непосредно по нападот.
Ѕидовите и вратата на куќата биле прекриени со крв бидејќи Оден го нападнал и изгризал крадецот.
- Кој и да се обидел да влезе во мојата куќа ова го заслужил. Не се зае*авајте со мене и моето куче. Еве што се случило. Германскиот овчар е најдоброто куче кое можете да го имате - напишал Тристан под видео снимката која ја објавил на Фејсбук.
Кучето го нападнало крадецот додека се обидувал да избега.
Знаците на грабеж однадвор не биле видливи, но кога Тристан и семејството влегле во куќата се шокирале од хорор сцената.
- Мојот најдобар пријател Оден, кој е германски овчар, го заштитил мојот дом и моите работи додека јас не бев дома. Моментално сум многу горд на него - заклучил Тристан.
Погледнете го видеото.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра