Германски министер бара одлучна реакција на ЕУ за царините од САД

Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, изрази надеж дека Европската унија ќе одговори на „одлучен и внимателен начин“ на одлуката на САД да воведе царини за низа производи на ЕУ, од сирење до вино.
„Ќе реагираме на одлучен, но внимателен начин на оваа нова ситуација. Во глобализираниот свет, трговските конфликти во последните месеци не беа во интерес за никого“, изјави Шолтц за германскиот весник „Билд“.
Германија, како голем извозник, има тесни трговски врски со САД. СТО вчера соопшти дека САД можат да воведат царини на увоз до 7,5 милијарди американски долари од Европската унија, како одговор на нелегалните субвенции на ЕУ за европскиот производител на авиони „Ербас“.
Според тоа, САД ќе наметнат нови царини на стоки во вредност од 7,5 милијарди американски долари, што ќе бидат ефективни од 18 октомври. Царинските давачки ќе бидат 10 проценти за авионите направени во ЕУ и 25 проценти на сите други производи.
Ново на Сител
-

Во Берото утрово најстудено, во Гевгелија 3 степени
-

Митровденска задушница - спомен за починатите
-

Уапсен вооружен маж во близина на Белата куќа: Тврдел дека гласови му наредиле да го убие Трамп
-

Ѓорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај
-

Русија со нови ракетни напади врз Киев, одекнаа десетици експлозии
-

Масовните протести во Франција влегуваат во четвртиот викенд
-

ЕК почна преговори за вклучување на Западен Балкан во европската шема „Роаминг како дома“
-

Облачно со сончеви периоди и северен ветер
