Германски историчар го врати медалот за заслуги заради Земан
Германскиот историчар Вернер Имхоф, кој има организирано стотици дебати со преживеани Чеси од Холокаустот, го врати медалот за заслуги на Чешкиот сојуз на борците за слобода (ЧСБС).
Како што јави дописникот на МИА од Прага, како причина се наведува тоа што иста таква награда од новото раководство на Сојузот доби и претседателот на чешката држава Милош Земан.
Портпаролот на Земан, Јиржи Овчачек коментираше дека враќањето на медалот е политички чин.
Имхоф наградата ја прими во 2011 година, сметајќи го тоа за голема чест и беше втор Германец одликуван со медалот.
- Ако тој медал го заслужува и господинот Милош Земан, тогаш јас не го заслужувам, изјави историчарот, кој порача дека ќе ја врати наградата по пошта следната недела.
Нему не му се допаѓа позитивниот ставот на Земан кон десничарските екстремисти, неговиот повик за вооружување на секој поединец, навредите кои ги упатува кон новинари, давањето поддршка на претседателите на Кина и Русија како и повикувањето за непочитување на договорот на ЕУ за примање на бегалци, додаде Имхоф.
Земан е одликуван од ЧСБС за „долгогодишна поддршка на слободата и демократијата" во јуни оваа година.
Ново на Сител
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка
-
8 македонски државјани од Израел се враќаат дома
-
Не се смирува небото на Блискиот Исток - петти ден од конфликтот помеѓу Израел и Иран
-
По посетата на кочанската болница, Алиу веќе доби барање за вработување на неопходен кадар во установата
-
Талески: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс
-
3500 потписи за независна кандидатура во Скопје