Германски екстремно десничарски активисти осомничени за тероризам

Германското јавно обввинителство денеска поднесе кривичини пријави за тероризам против двајца членови на екстремно десничарска организација, јави дописникот на МИА од Берлин.
Според Јавното обвинителство, Даниел А. и Марсел Л. биле основачи на терористичката група и планирале да предизвикаат експлозии и да извршат напад со огнено оружје врз сместувалиште за бегалци.
Во соопштението од обвинителството се вели дека двајцата осомничени биле дел од радикалната десничарска група „Стара школа“ која е основана во 2014 година и која подоцна имала 30 членови.
Полицијата во мај 2015 година спречила напад врз бегалци со апсење на дел од членовите на групата, кои подоцна од судот во МИнхен се осудени на затворски казни.
Според обвинителството, Даниел А. бил задолжен за внатрешната дисциплина на органзацијата, а Марсел Л. за решавање на внатрешните конфликит меѓу членовите на радикалната група.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние сме подготвени за разговори, со гаранции од ЕУ
-

Отворен базен во близина на „Партизан Карпош“
-

Прв џез фестивал во Струмица
-

Седум и пол години затвор за жената која ги уби сопругот и свекорот во Кратово
-

Охрид ја прослави европската титула на ГРК Охрид
-

Муртезани за Сител: Со Кошта ќе се разговара за планот за раст и Реформската агенда
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
