Германската Влада ќе ги затегне процедурите за давање азил
Германската коалициска Влада постигна согласност за преземање мерки за затегнување на правилата за давање азил, изјави денеска вицеканцеларот и министер за економија и енергетика, Зигмар Габриел, цитиран од британските медиуми.
По разговорите на канцеларката Ангела Меркел со премиерот на провинцијата Баварија, Хорст Зеехофер, Габриел изјави дека лидерите на владеачката коалиција се договориле да воведат пакет мерки за зголемување на ефикасноста на напорите за справување со приливот од мигранти.
Според Габриел, пакетот предвидува мигрантите, кои ќе добијат ограничен бегалски статус, да не можат да доведуваат свои роднини во Германија во текот на следните две години.
Мерките, исто така, вклучуваат користење на специјални центри за брза обработка на документите на мигрантите, кои имаат реално мали шанси да добијат азил .
Согласно постигнатата спогодба Германија ќе ги прогласи Мароко, Алжир и Тунис за безбедни земји, што ќе значи дека кандидатите за азил од овие држави можат да бидат вратени во својата татковина по забрзана процедура, забележува ДПА.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Премиерот Мицкоски очекува ДИК преку правилник да ги прецизира критериумите и начинот на собирање граѓански потписи за независна кандидатура
-
Охридско лето сцена за најдобрите уметници
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар