-->
-->
Германската Влада ги повика своите граѓани да ја напуштат Украина
-->

Германија е последната земја која ги повика своите граѓани во Украина да ја напуштат, бидејќи се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија во наредните денови, јави ДПА.
„Доколку моментално сте во Украина, проверете дали вашето присуство е строго задолжително. Доколку не е, заминете за кратко време“, препорача Министерството за надворешни работи во Берлин.
САД вчера први ги предупредија своите граѓани дека веруваат дека Русија наскоро би можела да изврши воен упад на својот сосед – тврдење што Москва го негира, потсетува ДПА.
Покрај САД, и Велика Британија, Данска, Летонија и Естонија, Австралија, Нов Зеланд, веќе ги повикаа своите граѓани во Украина да ја напуштат земјата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
