Германската полиција изврши претреси во домовите на членови на екстремистичкото движење „Граѓани на Рајхот“
Германската полиција извршила претреси во домовите на екстремистичкото движење „Граѓани на Рајхот“, јави ДПА.
Полицијата изврши рација во домовите на пет лица во операција насочена кон десничарска екстремистичка група, која, наводно, настојува да ја собори германската Влада, изјави официјален претставник.
Претреси се извршени во домовите на четворица мажи од Баден-Виртемберг и едно лице од Долна Саксонија, изјави синоќа портпаролката на Канцеларијата на јавниот обвинител.
-Во сите пет случаи се работи со сомнеж за членство во терористичка организација, рече таа.
Операцијата е поврзана со големата рација насочена кон бизнисменот Хајнрих XIII принцот Ројс, кој е осомничен дека е лидер на групата, се наведува во соопштението.
Екстремистичката група „Граѓани на Рајхот“, или „Рајхсбургер“ на германски, ја доведува во прашање легитимноста на Сојузна Република Германија. Германската служба за безбедност смета дека околу 23.000 лица се членови на оваа група.
Последните претреси уследија по големата рација спроведена минатиот декември, чија цел беше оваа екстремистичка група.
По рациите Федералното обвинителство уапси повеќе од дваесетина осомничени во Германија, Австрија и Италија, меѓу кои и поранешни офицери, полицајци и поранешен пратеник во Бундестагот, кој беше претставник на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија.
Ново на Сител
-
Шест измами за наводни сообраќајни несреќи во Куманово од почетокот на годинава
-
Кривична за велешанец кој провалил во куќа и украл пари и мобилен телефон
-
Сообраќајна несреќа на патот Битола - Прилеп, повредени 5 лица
-
Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на Бехтел и Енка, за проблемите Владата праќа молби до нив
-
Мицкоски очекува зајакнување на односите со Берлин по победата на ЦДУ/ЦСУ
-
Битиќи: Владејачкото мнозинство ги одби законите за намалување на ДДВ на струја и храна
-
Некои од ланците, за жал одлучуваат да водат политичка борба против политичка влада, порача премиерот
-
Таравари: Процесот на реновирање на хируршките сали и на КАРИЛ ќе се одвива координирано и пациентите нема да трпат