Свет
27. December 2015 - 10:39

Германската морнарица спасила 10.000 бегалци

Германската морнарица соопшти дека оваа година спасила над 10.000 бегалци, од кои 500 во петокот на Средоземното Море кај либискиот брег.

- Бродовите на германската морнарица спасиле 10.528 бегалци од 7 мај 2015, кога почна германската спасувачка операција, се наведува во соопштението.

Над 500 бегалци се спасени во петокот кај либискиот брег, додаде германската морнарица.

Според податоците на Меѓународната организација (ИОМ), околу 970.000 бегалци дошле во Европа преку Средоземното Море од почетокот на годината.

Речиси 3.700 бегалци настрадале или исчезнале во текот на патувањата.