-->
-->
Германската министерка за одбрана поднесе оставка
-->
Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт денеска поднесе оставка до канцеларот Олаф Шолц, информира таа во соопштение за печат.
„Фокусирањето на медиумите на мојата личност веќе неколку месеци не дозволува воспоставување односи и објективни разговори за војниците, Бундесверот и насоката на безбедносната политика во интерес на германските граѓани“, се вели во соопштението на Ламбрехт.
Таа додаде дека напорната работа на војниците и на многу луѓе во нејзиното министерство мора да биде во прв план.
Сè уште не е објавено кој ќе ја замени.
Ламбрехт (57) беше министерка за одбрана од назначувањето на Шолц како канцелар во декември 2021 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Наутро постудено, преку ден топло со температури до 23 степени
-
Пожар во стан во Центар
-
Лавров: Нуклеарната реторика на Макрон е закана за Русија
-
Андоновска: Скопје, Битола и Куманово со најголем број на заболени од грип
-
Кошта: Слушнавме бура на идеи за безбедноста на Европа, но денеска сме тука да носиме одлуки
-
Македонскиот БДП со раст од 2,8 проценти во 2024 година, странските директни инвестиции достигнаа милијарда и 255 милиони евра
-
Трамп планира депортација на 240.000 Украинци
-
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша укази за унапредување и поставување на старешини со генералски чинови