Германската министерка за одбрана чека датум за посета на базата Инџирлик

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска дозволил германската министерка за одбрана Урсула Фон Лејен да ги посети германските војници во воената база Инцирлик каде се сместени германски војници, пренесуваат локалните медиуми.
Предходно германското Министерство за одбрана соопшти дека се чека на одобрен датум за посета од страна на турските власти, јавува дописникот на МИА од Берлин.
-Се уште чекаме на датум за посетата. Министерката планира да ги посети германските војници, изјави Јенс Флосдорф, портпарол на Министерството за одбрана на владина прес конференција.
Минатата недела турски дипломатски претставници порачаа дека германски воени офицери се добредојдени да ја посетат базата Инџирлик, но дека посетите на германските политичари нема да бидат дозволени од официјална Анкара.
По гласањето на германскиот Парламент за признавање на геноцидот од страна на Отоманската империја врз Ерменците во Првата светска војна, беше блокирана посетата на државниот секретар во Министерството за одбрана во Берлин и неколку пратеници, кои пред една недела сакаа да ги посетат германските војници во Инџирлик.
Ново на Сител
-

Македонски Брод: Ја нападнал сопругата и барал да ја повлече пријавата за семејно насилство
-

168,7 килограми режан тутун запленети во Прилеп
-

Марковски: Вештачењето нарачано од одбраната на Јованов е селективно и со сериозни методолошки пропусти
-

Рекордна невработеност на високообразованите во Германија
-

Славески: Состојбата во Алта банка АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни, се бара нов сопственик
-

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд
-

Мицкоски објави одлука од 2023 година: Владата на СДСМ дала согласност за продажба на акции во денешна Алта банка
-

Мицкоски: Алта банка нема да банкротира како Еуростандард во времето на СДСМ
