Бизнис
25. February 2019 - 19:48

Германската канцеларка Меркел и испрати економски советник на македонската влада

Германската канцеларка Меркел го испрати својот советник за макеоднската Влада.  Валтер Дефа го почна ангажманот во земјава уште рано утрово кога го одржа првиот состанок во владата. Неговата задача е да ги учи властите како да ги водат економските политики и да помогне во развојот на македонската економија.

Дефа е доктор по економски науки, работел во Европската комисија од 1983 до 2016 година. Меѓу другото, бил и директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го водел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската комисија.

Во земјава е испратен по барање на канцеларката Меркел, која при ланската посета на Скопје најави дека германски експерти ќе помагаат во развојот на економијата.

На првиот состанок утрово присуствувал заедно со вицепремиерот Анѓушев. Главен фокус на средбата бил развој на регионалната соработка, поврзување со соседите и поголема искористеност на европските фондови.

Дефа е прв германски советник кој целосно го плаќа германската Влада. Во следниот период ќе се бара уште еден, кој ќе добива и германска и македонска плата.