Свет
21. July 2017 - 8:37

Германската царина заплени 3,8 тони кокаин

Германската царина конфискувала 3,8 тони кокаин во три операции во текот на годината. Дрогата пристигнувала во Хамбург во товарни контејнери од Јужна Америка.

Во март биле конфискувани 1,5 тони, а во април - 1,6 тони кокаин. И двете пратки пристигнале од Парагвај, скриени во јаглен. Во третата операција во мај биле откриени 788 килограми кокаин, скриени во храни за животни. Дрогата потекнувала од Уругвај.

Во операциите на германските царинарници користени се современи технологии за откривање на дрога, но нема информации за евентуални апсења. Се претпоставува дека дрогата била наменета за Германија и за Белгија.