Македонија
13. January 2021 - 8:50

Германска донација за граничната полиција

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн денеска на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе му предаде донација од возила и опрема наменета за потребите на граничната полиција.

Како што соопшти Министертвото за внатрешни работи, церемонијата на примопредавање на возилата и опремата ќе се одржи во 11 часот на платформата кај возниот парк во кругот на МВР.

По церемонијата се предвидени изјави за медиумите.