Германија загрижена од можната размена на информации меѓу САД и Русија
Пратеникот од редовите на Социјалдемократите во Бундестагот Бурхард Лишка во изјава за агенцијата АП вели дека во Берлин постои сериозна загриженост поради извештаите за размена на класифицирани информации меѓу САД и Русија.
Личка, кој е член на Комисијата за мониторинг на агенциите за разузнавање, вели дека ако се докаже дека американскиот претседател Трамп давал многу сензитивни информации тоа ќе биде вознемирувачка ситуација за неговата земја и за другите западни сили.
- Трамп има пристап до екслузивни и високо сензитивни информации вклучително и за борбата против тероризмот, вели Лишка, кој ги коментира информациите дека Трамп на руски владини преставници наводно им дал информации во врска со Исламската држава. Според него доколку Трамп овие информации ги дава според сопствена волја тогаш тој претставува безбедносен ризик за целиот западен свет, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Руската влада денеска ги негираше информациите на весникот Вашингтон тајмс, според кој Трамп на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со кого се сретна минатата недела му дал класифицирани информации. Според Кремљ овие информации на американските медиуми се „нон-сенс“.
Ново на Сител
-
Со изборен навигатор можете да проверите која партија и програма се најблиску до вашите убедувања
-
Со добра понуда и бројни настани Охрид може да привлекува туристи преку цела година
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик