Германија воведува возови што нема да загадуваат

Германската железница се подготвува во редовен сообраќај да воведе локомотива што ќе се движи на хидрогенска енергија и нема да емитува никакви штетни гасови во воздухот.
Локомотивата „Корадија иЛинт“ во воздухот ќе испушта само водена пареа а треба да замени околу 4000 локомотиви на дизел коишто сега ја загадуваат животнатa средина во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според весникот „Ди Велт“ покраината Долна Саксонија веќе нарачала 14 вакви локомотиви од француската компанија „Алстом“ што ќе бидат тестирани до средината на декември кога треба официјално да почнат со комерцијална употреба.
Локомотивите за кои постои интерес и во Данска, Норвешка и Холандија се движат со помош на огромни литиум - јонски батерии кои се напојуваат од хидрогенски резервоар сместен на покривот на возот. Хидрогенските локомотиви можат да сообраќаат со едно полнење над 750 километри дневно со брзина од 140 километри на час.
Единствената нус-појава на хидрогенската енергија е водена пареа.
Ново на Сител
-

Арапските земји ја осудија изјавата на американскиот амбасадор за правото на Израел
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
