Свет
31. July 2020 - 18:05

Германија со повик до граѓаните да не патуваат во делови од Шпанија

Министерството за надворешни работи на Германија ги повика граѓаните да ги одложат туристичките патувања кон Каталонија, Навара и Арагон на северот на Шпанија, затоа што расте загриженоста дека патувањата би можеле да донесат уште еден бран на инфекција со Ковид-19.

Трите шпански региони на списокот на локации со висок ризик, што значи дека луѓето кои се враќаат во Германија ќе бидат во  карантин 14 дена или со негативен тест за коронавирусот.

Германија денеска пријави 870 потврдени случаи на заразени со новиот коронавирус, најголемо дневно зголемување од средината на мај.

Од следната недела, Германија планира да воведе задолжителни тестови за коронавирус на аеродромите за сите повратници кои се враќаат од области со висок ризик за да го забават ширењето на инфекциите.