Германија со план - забрана за влез на граѓани кои не се од ЕУ до 31 август
До 31 август Германија планира да ја продолжи забраната за пристигнување граѓани на држави што не се членки на Европската унија, изјавија неименувани извори од германската Влада. Тие нагласија дека таа одлука се очекува да биде објавена денеска.
Според нив, Берлин ги советува своите граѓани да не одат на крстарења поради посебните ризици од коронавирусот.
Германија е подготвена да ја укине забраната за патување за земјите членки на Европската унија и Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија од 15 јуни, освен ако не постои забрана за влез во тие земји и обемни рестриктивни мерки.
Минатата недела германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги повика Германците да не патуваат во Велика Британија се додека таму е на сила 14-дневен карантин за туристите.
Ново на Сител
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка