Германија со критики за властите во Москва и Минск
Германската Влада денеска го критикуваше вчерашното апсењето на стотици опозициски демонстранти, кои во Москва и други градови протестираа против руската Влада.
- Правото на протести е основно човеково право, што е од огромна важност за руската демократија, изјави денеска портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, германската Влада денеска упати критики и за апсењата на антивладини демонстранти што викендов се случија во Белорусија.
Според портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Шефер, апсењата на опозициските активисти во Белорусија, која последниве месеци имаше позитивен развој на демократските процеси е „враќање назад“.
Десетици илјади луѓе учествува вчера во антивладините демонстрации, во кои од властите во Русија и Белорусија беше побарано да преземат чекори во битката против корупцијата.
Меѓу уапсените во Москва е и лидерот на руската опозиција Алексеј Навални. кому по приведувањето московски Суд му одреди казна од околу 300 евра за организирање на протести без дозвола. Навални дополнително се соочува и со казна за отпор при апсењето.
Според руските власти, илегалните протести имаат за цел да предизвикаат насилство во земјата.
Ново на Сител
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан
-
Полициска акција во Прилеп, се вршат претеси на осум локации
-
ДУИ: Тошковски да си поднесе оставка како морален чин
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути