Германија: Снабдувањето со гас од Русија засега е стабилно
– Испораките на руски гас за Германија во моментов се уште се безбедни, соопшти Министерството за економија, откако пресуши приливот на руски гас во Европа преку важна транзитна станица во Украина.
Киев вчера најави дека ќе го прекине протокот на гас преку транзитната станица Сохрановка, преку која речиси една третина од гасот се доставува од Русија во Европа преку украинска територија и дека ќе го премести протокот на друго место.
– Внимателно ја следиме ситуацијата. Кризниот тим за гасот и операторите на мрежата на гасоводот, исто така, ја следат ситуацијата. Снабдувањето на Германија во моментов е сè уште сигурно, се вели во соопштението на германското Министерство.
Од Здружението на германската гасна индустрија велат дека влијанието на затворањето на транзитната станица Сохрановка врз снабдувањето може да се оцени само кога ќе се види како тој потег се одразил на дотокот на гас.
Ново на Сител
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни
-
СДСМ: Додека државата тоне, партиите во Владата се караат за ресори и тендери
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа