Германија шпионирала сојузници и невладини организации

Германската служба за контраразузнавање систематски ги шпионирала своите најблиски сојузници низ светот, тврди весникот „Шпигел“, според чии новинари цел на шпионирањето биле амбасадите на САД, Франција, Велика Британија, дипломатското претставништво на САД во ОН, како и Ватикан.
Неделниот магазин тврди дека шпионирањето од страна на БНД се случило и покрај тоа што во 2013 година канцеларката Меркел при откривањето на аферата дека Германија е цел на шпионирање од страна на САД, ја отфрли можноста тоа да се случува меѓу пријателски земји.
Неименуваниот извор на „Шпигел“ тврди дека станува збор за широка операција на шпионирање, во која се прислушувало и американското Министерство за внатрешни работи, но и првите луѓе на полициите во членки на ЕУ, како Полска, Австрија, Данска и Хрватска.
Цели на шпионирањето во Германија биле е-маил адреси, теелфонски броеви, факс броеви на дипломатски претставништва на САД, Франција, Велика Британија, Шведска, Португалија, Грција, Шпанија, Италија, Австрија, Швајцарија и други земји.
БНД, според весникот, дополнително шпионирала и невладини организација, како „Кер Интернешенел“, „Оксфам“ и Меѓународниот комитет на црвениот крст во Женева.
Шпионирањето во било каква форма во Германија е особено сензитивна операција поради неодамнешната афера во која беше откриено дека Германија е жртва на прислушување од страна на САД, но, пред се, поради масовното прислушување на германските граѓани во времето на нацизмот и за време на комунистичкото владеење во Источна Германија.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
