Германија ќе потроши 10 милиони евра за деминирање на сирискиот град Рака

\- Германија ќе потроши 10 милиони евра, со цел да помогне при отстранувањето на мините од северниот град Рака, објави денеска весникот „Ханделсблат“.
Германското Министерство за надворешни работи се очекува денеска да најави зголемување на финансирањето за деминирање, како дел од договорот со САД.
Со тој договор се предвидува помош при финансирањето на „Тетра Тек“, изведувач најмен од американската администрација заради расчистување на мините во Рака по минатомесечната победа над терористичката група „Исламска држава“ во овој регион.
Норберт Роетген, член на Христијанско-демократската унија на германската канцеларка Ангела Меркел за весникот изјави дека финансиската помош за обнова на Сирија мора да биде комбинирана со одржливо решение за политичка стабилност во земјата.
Ново на Сител
-

Меѓународна конференција на Паневропската унија во Македонија
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

Гинеколози - ХПВ вакцинацијата спречува појава на повеќе видови на рак
-

Сиљановска-Давкова: Добро е што ќе има нов закон за помилување бидејќи стариот не личи на закон
-

Преглед на вестите од светот
-

Сериски убиец во Старо Нагоричане!?
-

Под истрага шест лица за транспортот и логистиката на марихуаната од Македонија во Србија
