Германија ќе одзема државјанство на борци на ИД
Германската Влада планира да им ги одзема државјанствата на членовите на групаѕа Исламска држава (ИД), сп цел да спречи нивно враќање во земјата, се наведува во документ до кој дошле германски медиуми.
Како што јави дописникот на МИА од Берлин, повеќе од 800 државјани на Германија досега учествувале во борбите во Сирија и Ирак во редовите на ИД и други радикални исламитички групи и тие сега се опасност и за германската безбедност.
Во документот се вели дека за да се превенира враќање на џихадистите во земјата, треба да се проверат сите правни можности за одземање на државјанството, доколку тие се бореле во странство и имаат и друго државјанство покрај германското.
Според документот, Владата во Берлин ја разгледува можност на членовите на ИД да им се одзмат личните карти и пасошите, за да не можат да патауваат на териториоте под контрола од Исламската држава.
Ново на Сител
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток
-
Во Русија лани биле протерани двојно повеќе мигранти
-
Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека
-
Кривична за екс-началникот на Одделот за воздухопловство
-
Димитриевски со Валенсија избори осминафинале во Копа дел Реј