Германија ќе ја продолжи граничната контрола на границата со Австрија

Германскиот министер за надворешни работи Хорст Зехофер соопшти дека побарал дозвола од Европската унија за продолжување на граничната контрола на германско- австриската граница.
Германската канцеларката Ангела Меркел во март го поддржа продолжувањето на граничната контрола, чиј рок истекува на 12 мај.
Државите од Шенген зоната можат да воведат контроли на внатрешните граници на Европската унија, кога постои сериозна закана за општеството или за националната безбедност.
Германија воведе гранична контрола во септември 2015 година поради масовниот прилив на бегалци кои доаѓаа од Австрија. Проверките се вршат на патиштата во прекуграничната зона и на различни точки долж границата.
- Ние преферираме надворешната граница на ЕУ да биде безбедна за да се намалат проверките на внатрешната граница. Но, доколку не е гарантирана безбедноста на надворешните граници, ние треба да ја обезбедиме и да ја контролираме внатрешната граница на некои места, изјави Зехофер во Париз по средбата со неговиот френцуски колега Жерар Колон.
Времена внатрешна гранична контрола сега се врши во шест земји од Шенген зоната.
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
