-->
-->
Германија, Франција и Шпанија, фаворити на Роналдо за титулата на ЕП
-->
Португалецот Кристијано Роналдо смета дека селекциите на светскиот шампион Германија, домаќинот Франција и бранителот на европската титула Шпанија се трите главни фаворити за освојување на трофејот на Европското фудбалско првенство во Франција кое ќе стартува утре.
- Како домаќин, Франција има силен тим да истурка далеку. Светските шампиони Германците, тие секогаш се фаворити, а на овој турнир доаѓаат засилени. На последните две ЕП играа добро, дојдоа до финалето во 2008 и полуфиналето во 2012 година. И секако тука е Шпанија, бранителот на трофејот, тим кој има повеќе промени, но никако не смее да се потцени, истакнал Роналдо.
Трикратниот освојувач на „Златната топка’’, Роналдо вчера постигна два гола во победата на Португалија над Естонија со убедливи 7:0, како селекција која може да изненади ја смета Италија, а која дополнува дека никогаш не смее да се отпише од листата на фаворити, иако на овој шампионат ќе настапи доста ослабена.
Иако неговата репрезентација, Португалија, важи за фаворит во групата Ф во која ќе игра против Австрија, Исланд и Унгарија, сепак голгетерот на Реал смета дека нема да биде лесно против ниту еден противник.
- Секогаш ќе има различни мислења. Мора да играте и да се борите низ сите 90 минути за да победите. Австрија и Унгарија се силни репрезентации и секого можат да изненадат. Исланд дојде на ЕП од групата во која беа елиминирани Холанѓаните. Тие беа втори во групата зад Чешка, Холандија пак заврши како четврта. Треба ли да се сомневаме во Исланѓаните, изјави Кристијано.
Португалија настапот на Европското првенство во Франција ќе го започне на 14 јуни со дуелот против Исланд.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Запалена новогодишна елка пред ТЦ „Бисер“
-
Во Белград и денеска блокади и протести поради трагедијата во Нови Сад
-
Трипуновски: Историски 500 денари за килограм тутун за прва класа
-
Слаб снег на Плетвар, магла на патот Тетово - Попова Шапка
-
Тешко повредени двајца градежни работници од Скопско
-
Македонија против Полска во баражот за пласман на СП 2025
-
Јаневска: Секој граѓанин треба да ги знае и почитува државните симболи
-
Уште еден случај на опожарено возило - овој пат во Ѓорче Петров