Loading Video...
Свет
5. April 2021 - 12:38

Германија е прва европска земја која најавува низа поволности за вакцинираните

Германија е прва европска земја која најавува низа поволности за вакцинираните, во однос на невакцинираните лица против Ковид-19.

Министерот за здравство Јенс Шпан рече дека вакцинираните лица ќе можат да патуваат без задолжителен карантин, да одат во фризерски салон и да купуваат со минимални ограничувачки мерки, бидејќи резултатите од новото истражување покажуваат дека вакцинираните лица претставуваат мал ризик од пренесување на вирусот.

Тој не прецизираше кога овие прописи можат да стапат во сила, но дел од германските медиуми пишуваат дека тоа може да се случи вече од овој месец.