Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
Судот во Келн, Германија, му забрани на супермаркетот „Алди“ да го продава чоколадото „Дубаи“, наведувајќи дека популарната закуска може да се вика така само ако е произведена во Обединетите Арапски Емирати.
Според странските медиуми, Судот одлучил дека познатиот германски супермаркет веќе не може да продава „Алијан Дубаи хендмејд чоколејт“ бидејќи производот всушност е произведен во Турција. Синџирот супермаркети тврдеше дека тоа е јасно наведено на задната страна на етикетата, но Судот пресуди оти името на производот може да ги доведе во заблуда купувачите, „дека производот всушност бил произведен во Дубаи“ и увезен во Германија.
„Алди“ сепак има право на жалба.
Инаку, тужбата ја поднесе германскиот кондитор Андреас Вилмерс, кој го продава чоколадото од брендот „Фикс“ во Дубаи. Вилмерс поднесе тужби и против „Лидл“ и швајцарскиот производител „Линт“.
„Лидл“ тврдеше дека поимот „Дубаи чоколадо“ се однесува на еден вид чоколадо со кремасти ф’стаци и фил од „кадаиф“, а не на чоколадо со потекло од Дубаи. И Здружението на германската кондиторска индустрија тврди дека „Дубаи чоколадо“ може да се произведува насекаде во светот.
Судот во Келн не се согласува. За непочитување на прописите, предвидени се парични казни.
Инаку, изворниот бренд, т.е. „Фикс“ чоколадото беше пуштено во продажба во 2021 година и беше инспирирано од желбите на трудниците.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања ја напушти судницата откако ги слушна деталите за нејзиното грабнување
-
Манев сведочи за убиството на Панче: Палевски му испука куршум во слепоочницата, па го превртуваше во дупката
-
Општина Кисела Вода субвенционира обука за полагање за возачка дозвола
-
Папата Франциск помина мирна ноќ во болница
-
Приведен кумановец, крадел пари од тезга
-
Сиљановска-Давкова: Светот е во длабока криза и ова е последен повик за нешто да биде променето
-
Кина ќе разговара со Русија и Иран за нуклеарната програма на Техеран
-
При претрес во Гостивар пронајдена марихуана