Германија: Десетици сириски бегалци купиле пасоши од луѓе кои со фалсификувани документи ги снабдиле и париските терористи
Во Германија во моментов се наоѓаат десетици бегалци, кои во земјата влегле со фалсификувани сириски пасоши. Тие пасошите ги добиле од истите криминалци кои овие документи им ги продале и на париските терористи, пренесе ТАСС, повикувајќи се на денешниот број на германскиот весник „Билд“.
Весникот оваа информација ја добил од владини извори.
Германските служби за безбедност знаат за постоењето на овие бегалци, но немаат информации каде во моментов се наоѓаат имателите на овие пасоши, бидејќи тие веќе ги напуштиле имиграциските центри. Потрагата по нив е усложнета од фактот дека при влез во Германија не им биле земени отпечатоци од прстите, пишува „Билд“.
Претходно германските медиуми информираа дека борци на Исламска држава се занимаваат со продажба на сириски документи.
Џихадистите во Сирија, на териториите што ги контролираат, дошле до празни влошки за пасоши, во кои со специјална опрема се впишуваат неопходните податоци и се додаваат фотографии. На црниот пазар таков еден сириски пасош чини од 1.000 до 1.500 долари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот