-->
-->
Германија да биде подготвена за нови терористички напади
-->
Германија треба да биде подготвена за нови терористички напади со оглед на растечкиот број на потенцијални исламистички милитанти, предпуреди денеска шефот на германската внатрешна разузнавачка служба, Ханс Георг Масен.
Покрај нападите кои се водат како терористички а полицијата не можела да ги спречи во земјата во 2016 година германските служби спречиле уште 7, вели шефот на БФВ Масен, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Мора да очекуваме нови напади од индивидуалци или терористички групи. Исламскиот тероризам е најголемиот предизвика со кој се соочува БФВ и ние гледаме на него како најголема закана за внатрешната безбедност на Германија“, изјави Масен кој тврди дека има докази за нови опасности за тероризам.
Според извештајот на неговата агенција во 2016 година имало 24 илјади исламисти во Германија вклучувајќи и околу 9700 салафисти на кои годинава имсе придружиле нови 400 членови. Во вкупната бројка се и околу 10 илјади членови на турската исламистичка милиција „Движењ Горус“.
Иако трендот на вкупниот број на исламисти е во позитивен сепак опасноста од тероризам е поголема затоа што членовите на овие организаци се многу поекстремни, вели Масен.
Меѓу над 1,3 милиони бегалци кои што во последниве 2 годин влегле во земјата имало и неколку стотини џихадисти, се вели во извештајот на БФВ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ССМ: Трошоците за живот растат, новогодишната кошница нема ефект
-
Преглед на вестите од светот
-
Трамп избран за 47-от претседател на САД
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Избегната трагедија во Чемерско - Сите станари од домот евакуирани
-
Дефект на магистрален вод го остави речиси пола Скопје без парно – Проблемот е решен
-
Прикажани снимките од движењата на возилата со кои е грабната Вања
-
Обинителството истражува дали трето лице помагало на Груби и Беџети во случајот за кој се најдоа на црната листа