Германија бара реципрочни мерки за САД како одговор на санкциите кон Русија
Новите санкции кон Русија, усвоени во американскиот Конгрес, коишто би можеле да предизвикаат штети и за некои европски компании, го нарушуваат меѓународното право и Европската комисија треба да ја разгледа можноста за реципрочни мерки, смета германската министерка за економија, Бригите Зуприс.

- Ние сметаме дека тоа е спротивно на меѓународното право, јасно и едноставно. Се разбира, не сакаме трговска војна. Важно е, сепак, сега ЕК да обмисли реципрочни мерки против САД, изјави Зуприс.
Таа и вчера ги предупреди САД на можни последици, поради тоа што со санкциите против Русија отстапи од заедничката линија со Унијата, во однос на Русија.
- Сега има можност за контра-санкции против САД, објасни Зуприс.
Германската Влада и бизнисмените сметаат дека американските санкции против Русија, изгласани овој месец, можат да претставуваат пречка за германските компании кои работат на гасоводни проекти, коишто според нив, се „од животно значење за енергетската безбедност на Германија“, јави ДПА.
Ново на Сител
-

Армијата го слави 34. роденден со најдинамична трансформација и модернизација и потврдена борбена готовност
-

Речиси цела држава во зона со висок ризик од пожари
-

Ердоган го повика Трамп да продолжи со преговорите со Иран за намалување на тензиите
-

Најмасовен украински напад врз Москва и Московската област во последните две години
-

Москва и се закани на Велика Британија со „последици“ поради британските дронови користени за напади на руска територија
-

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места
-

Активни шест пожари, еден под контрола, а 22 се изгаснати
-

Градскиот парк во Скопје прелеан со емоции: Леон го прослави 13-тиот роденден опкружен со љубов и поддршка
