Германија бара работници плата од 3000 евра па нагоре

Германија се сосочува со недостиг на кадар. Се бараат работници за различни позиции – од градежници до менаџери, банкари, медицински кадар, информатичари. За сезонските работници, за работа на аеродром, продавачи, магационери се бара минимално познавање на германскиот јазик, односно положен А1 испит. За останатите позиции, критериумите се поостри. Платите се движат од 3,000 евра па нагоре. Сепак, работниците треба да внимаваат како аплицираат. Денеска 32 годишниот И. М. пријавил дека е измамен за 80 илјади денари или 1,300 евра од лицето Д.М кое му нудело работа во Германија. Пријавениот на оглас нудел посреднички услуги, каде оштетениот го убедувал да уплатати одредена сума на пари, за да започне постапката за работа. Овие пари наводно му биле потребни за превод на формуларите од македонски на германски. Плаќањето измамениот ги направил на неколку жиро сметки, по што сфатил дека е измамен.
МВР работи на целосно расчистување ан случајот. Инаку ова не е прват пат да се нуди работа преку вакво огласи., каде од заинтересираните се бара да уплатата одредена сума на пари на жиро сметка, пред да почнат со работа. По уплатата, на телефонот за контакт никој не се јавува. Затоа, препорачливои е граќаните да аплицираат само преку овластени агенти.
Податоци за работа во гермканија можат да се најдат на следниот линк https://www.thelocal.de/jobs/?site=tlse&AID=50991
Ново на Сител
-

Недостига кадар во угостителскиот сектор
-

Штипска Клиничка се конолидира кадровски и финансиски
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар/аналитичар
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов член во Судски совет според нов закон, а стари критериуми
-

Масовен вандализам во Ново Лисиче: Оштетени над 40 возила
-

СДСМ со нова т.н бомба, ВМРО-ДПМНЕ ги бара документите со кои Филипче добил златна виза
