Германија бара да купи тенкови од Швајцарија за да и помогне на Украина
Германија побара од Швајцарија да и продаде дел од своите тенкови „Леопард 2“, за да може да додели поголема воена помош за Украина, објави денеска швајцарскиот весник „Блик“.
Како што пишува весникот, Германија бара Швајцарија да продаде дел од своите тенкови, за да се пополнат празнините во вооружувањето на членките на ЕУ и НАТО.
Германија, Полска, Португалија, Финска и Шведска се меѓу земјите кои испраќаат „Леопарди“ во Украина, но со тоа го проретчиле својот воен арсенал.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус и министерот за економија Роберт Хабек ја информирале швајцарската министерка за одбрана Виола Амхерд за нивната намера во писмо од 23 февруари, пишува „Блик“. Тие бараат од Берн да се согласи со продажбата, со ветување дека швајцарските тенкови нема да завршат во Украина.
Законите за неутралност и ембаргото за оружје ја спречуваат Швајцарија да испраќа оружје директно во Украина, а ако се согласи со барањето на Германија, швајцарскиот Парламент ќе бара официјално да прогласи дека тенковите се надвор од употреба, објаснува весникот.
Швајцарското Министерство за одбрана соопшти дека германското барање се разгледува.
-Од воена гледна точка, во принцип, имајќи ги предвид потребите на Швајцарија, би било можно да се откаже од помал број тенкови – изјави портпаролот на Министерството.
Во претходните случаи, Берн ги отфрли барањата на Германија, Шпанија и Данска за извоз на претходно купена швајцарска муниција во Украина.
Ново на Сител
-

Системската корупција и нејзиното влијание врз евроинтеграцииете низ очите на млад истажувач
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција „Сите за правично судење“
-

Политичка пресметка за РКЕ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во судир за Ацо Ристов
-

Собрание избра: Ненад Савески е нов државен обвинител
-

Поднесени 27 амандмани за законот за јавно обвинителство
-

Полицајците во контрола на Пулс, се воделе од препишан план
-

Една година затвор за насилникот што ја претепа бремената партнерка до онесвестување и ја будеше со вода за да продолжи
-

Превозот останува со иста цена, поскапеа маслото за јадење и јајцата
