Германец платил 53.000 евра за да го убие најголемиот слон во Африка

Анонимен ловец платил 53.000 евра за ловна дозвола во Зимбабве. Слонот бил стар 40 години, а фотографијата на славеникот која е објавена на Фејсбук предизвикала остри коментари.
Организираниот лов траел 21 ден, а трофејот се слоновите коски кои тежат по 50 килограми секоја.
Властите во Зимбабве не го објавиле идентитетот на ловецот, но се претпоставува дека доаѓа од Германија. Уредно ги пополнил документите и платил данок, а за својот лов дури и добил личен искусен водич. Слонот е убиен со ловечка пушка во националниот парк Гонарезхо во југоисточниот дел од земјата.
Локалните експерти велат дека слонот не им е познат и дека не се движел и престојувал во паркот во Гонарезхо туку веруваат дека тој дошол од националниот парк Кругер од Јужна Африка.
Во јули, американскиот забар Волтер Палмер уби лав во паркот Хванг исто така со платена дозвола за лов.
Ново на Сител
-

Дали изјавата на Филипче за заедничка одговорност за уставните измени значи покана за широка влада?
-

Тема на денот со Андон Чибишев, доктор
-

„Костал“ за 10 години стана петта извозна компанија во Македонија
-

Сиљановска збунета од објаснувањата за „шпиунската“ афера
-

Извештај на ФЗО: Вработени во општи болници имаат високи примања, а лекуваат малку пациенти
-

Мерц со иновативни предлози за проширувањето
-

Филипче: Иницијативата на Мерц е уште еден доказ дека постои желба за проширување на ЕУ
-

Мицкоски: Наскоро успесите на владата ќе ги гледаат само на телевизија
