Германец ја изрази својата солидарност кон парижаните со музички настап на улиците на Париз

Терористичките напади во Париз го шокира светот, но малку надеж во подобро утре даде еден пијанист кој пред концертната сала Батаклан, која беше една од целите на терористите, ја изведе песната „Imagine“ на Џон Ленон, која важи за химна на мирот.
Пијанистот е 34-годишниот Германец, Давид Мартел, кој за време на нападите бил во паб и го гледал фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Германија на „Стад де Франс“, кој исто така беше меѓу целите на напаѓачите.
Кога видел што се случува, тој решил да замине за Париз за да ја искаже својата солидарнист.
- Имав потреба да направам нешто. Сакав да дојдам и на луѓето да им дадам утеха, да им дадам малку надеж, излави Мартел за „Гардијан“.
Музичарот во Париз пристигнал со велосипед, со кој го влечел неговото пијано. Тој најави дека ќе свири на сите места кои доживеале некаква форма на тероризам.
- Мојот придонес за целата ситуација ќе биде турнеја на која ќе свирам на сите места каде што се случиле убиствата. Париз е градот на љубовта. Засекогаш. Ако овој терор продолжи, животот во Европа повеќе нема да има никаква смисла. Со својата музика се борам во име на мирот, порача Мартел.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки, една од опциите е и повторно намалување на ДДВ за горивата
-

Општина Аеродром со јавен повик за пријавување штети од силното невреме
-

АХВ: Угостителските објекти во Гостивар ја почитуваат забраната за користење на водата
-

Син го претепал таткото и му се заканувал дека ќе го убие
-

Владата ќе ги обесштети штетите од невремето, граѓаните да поднесат пријави
-

Татко без согласност ја одвел 10-месечната ќерка во Швајцарија
-

Ја претепал сопругата, па и се заканил со палење на куќата - ОЈО бара притвор
-

Мицкоски: До крајот на неделава технички исправна вода во Гостивар, за пиење се очекува кон крајот на идната
