Ракомет
7. January 2018 - 18:36

Германците уште еднаш го надиграа Исланд

 Репрезентацијата на Германија која е еден од трите противници на Македонија на претстојното Европско ракометно првенство, уште еднаш потврди дека е во одлична форма.
 
Германците кои во Хрватска ќе ја браната шампионската титула освоена пред две години, по втор пар во пријателски-контолен меч беа подобри од селекцијата на Исланд. 
 
Откако пред два дена, Германците беа убедливи и победија со 36-29, тие денеска славеа победа со 30-21. Најдобри стрелци кај „панцирните“ беа Уве Генсхајмер и Тобијас Рајхман со по четири постигнати голови. 
 
Дуелот против Германија, македонските ракометари ќе го играат на 17 јануари, откако претходно против Словенија на 13-ти црвено-жолтите ќе го започнат својот нов настап на континенталните првенства, а два дена подоцна (15 јануари) ќе играат против Црна Гора. 
 
Овие четири селекции се во групата Ц, чиј домаќин ќе биде Загреб