Германците ќе плаќаат девет евра за месечна карта за јавен превоз
Германскиот Парламент усвои пакет мерки за економска помош за граѓани погодени од високата инфлација, вклучувајќи и воведување месечни карти за јавен превоз од само девет евра во целата земја, јавија локални медиуми.
Владата ќе издвои 2.5 милијарди евра со цел да ја надомести загубата на приходите на превозниците.
Мерката има за цел да ги намали цените на нивоата пред кризата. Меѓутоа, тоа е сега контроверзно, со оглед на тоа што цените значително паднаа во Германија, по првичниот раст поради воениот конфликт меѓу Русија и Украина.
Мерката за поевтини месечни карти за јавен превоз, предложена од страна на германската левичарска коалиција, за цел има да поттикне што повеќе лица да не се возат со автомобили, да преминат на користење поеколошки начин на транспорт.
Продажбата на карти во целата земја започнува уште в понеделник.
Конзервативната опозиција ја критикуваше мерката, според која, билетите се „брзо решение“, што ќе ги растовари корисниците на јавен превоз, на сметка на индустријата и се ризикува да дојде до трајна штета на секторот.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар