Германците итно бараат работници, еве кои занимања се најпотребни
Бројот на непополнетите работни места во Германија достигна рекордна вредност од речиси 1,2 милиони во последниот квартал од минатата година.
Институтот за истражување на пазарот на труд (ИАБ) во Нирнберг истакнува дека најголема е побараувачката на работници во преработувачкиот и градежниот сектор.
Германските градежни претпријатија во овој момент бараат околу 100.000 работници од различни профили.
Недостаток на експерти, се бележи речиси во сите сектори, а меѓу најбараните занимања се електротехничари, мехатроничари, медицински техничари, програмери, инженери од сите профили, како и класични занаети како лимари, водоинсталатери.
Традицинално голема е побарувачката за медицински персонал, а во последно време владее и голем недостаток на инструктори за возење, што е во врска со недостигот на возачи на автобуси и камиони.
Да потсетиме, германските синдикати и работодавачи неодамна постигнаа договор за поголеми плати и подобро работно време и така го завршија спорот кој доведе до низа штрајкови кон крајот на јануари и почетокот на февруари.
Договорено е зголемување на платите од 4,3 отсто од 1. април како и можност за флексибилно работно време.
Работниците ќе имаат право на смалување на работното време до 28 часа неделно во текот на најмногу 2 години, што беше барање на синдикатот, додека работодавачите ќе можат да ангажираат работници на 40-часовни работни недели повеќе отколку досега.
Ново на Сител
-
Пожар во куќа во скопско Нерези
-
Во Центар три лица влегле во соблекувалните на спа центар, празнеле паричници
-
Владата утре се очекува да разговара за цените на прехранбените производи
-
Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра
-
Истепан малолетник во Центар, му ги одзеле патиките и јакната
-
Кривична пријава за Германец, фатен со дрога на граничен премин
-
Сите пристапни улици до штипската Клиничка болница ќе се реконструираат
-
Студентите во БиХ бараа одговорност за жртвите и уништувањето во минатогодишните поплави